УЧЕТЕ ПРЕКУ ГРЕШКИТЕ

Денес кога СДС сака да оди на избори веднаш, но знае…
Денес кога ДПНЕ не сака да оди на избори, но знае…
Денес кога ДУИ е мост помеѓу партнетите СДС ДПНЕ, и знае…
Сите знаат, сите лицитираат, сите се победници…
Сите на некого му ветиле, ветуваат и ќе ветуваат…
Оваа кампања се одолговлечи и сите ние кои сакаме да бидеме поинакви се сретнуваме со еден проблем. Јас би рекол не е проблем. Учете преку грешките…
Едни велат јас морам да останам лојален, не ги сакам, ме лажеа ама ме вработија мене, детето или жената. Можев и тоа да го немам. Другите ќе ме…
Други велат, денес се на власт, директоро секој ден ме прашува за кој сум, него му давам рапорт, тој е зафатен со пристапници, ги има старите ги покажува на сите, дели нови и се позиционира, морам да гласам за него оти после маф ми е плано. Предходните ќе ме…
И јас тука занемувам и сакам да Ве сватам…кој е проблемо,…
Ве лажат – ЗНАЕТЕ, Ве примораваат – ЗНАЕТЕ, ќе Ве излажат – СТЕ СИГУРНИ, ќе бидете навредени – СТЕ СИГУРНИ…
И како ме дал бог морам да Ви укажам Јасно со дообјасување?!
Гласајте за друг. Не мора за Нив. Гласајте за друг само СПРОТИСТАВЕТЕ СЕ.
И ЗАПОЧНУВАМ: Сите сме полнолетни, некои родени во Југославија, некои тогаш постанале полнолетни, некои и повозрасни. Значи и Ние сме живееле со Вас во сите изборни циклуси. Сите Ние сме пробале локум на врата, сите ние сме добиле маица за спиење со лавче прво црвено црна потоа потокалева, сите сме добиле упаљач, пенкало и капа со петокрака. Сме добиле затоа што мораа да ги остават во нашето сандуче пред влезот, сме добиле бидејќи сме имале култура, некогаш ни пратиле некој близок да ни ги донесе и тоа е тоа што тие го знаат.
Тука сме биле кога Бранко го падна Кљусев со подршка на Љубчо. Тука сме биле кога Љубчо го купи Алија Шахиќ, Тука сме биле кога Милан му побара 250 000 евра на Љубчо. Тука сме биле кога Амди бил лево и кога Амди бил десно, кога имал морков и кога покажувал среден прст, тука сме и сега кога спиејќи во парламент го гласал тој со морковот. Тука сме биле кога Никола беше прободен со нож од Љубчо во заден дел од грбот. Тука сме биле кога Заев фрлаше кондоми по институции со Павле кој потоа беше пречка и отсранет во такси со лек за најдобар пријател.
Тука сме биле кога бонбона бизнис фура и денес, Тука сме биле кога Шилегов е во фора на Охрисдско лето, Тука сме биле кога Миле од ВЦ турка објекти, и се понаша ко судија во афект, Тука сме биле кога некои чоколади јадат некои немаат за леб, Тука сме биле кога тефтерчето на Гоца не носеше на гилотина, Тука сме биле кога Судивката милно моли и верна е догроба, Тука сме биле кога секој тендер се одлучува во Струмица, Тука сме биле кога некој продавал армиска опрема и сега води аналитика… Тука сме биле и НИЕ.
Тука сме биле кога некои прашања не заслужуваа одговор, Тука сме биле кога некој палел пошти, Тука сме биле кога го крадел ПИОМ, Тука сме биле кога октоподот функционирал, Тука сме биле кога Кочо од стечајни родители станал МЕГА, Тука сме биле кога Вилма ја фати Катица, Катица го фати Кољо, Кољо избега, Заев се изненади и свати дека Боки има апетит, Оливер кажа приказна, Шекеринска носеше шанцова, Се шверцаа цигари, Се купуваа лубриканти, Се јадеа Бизони, Се продаде Струга, Кичево.
Денес пак сме тука но денес Ви кажуваме дека се ова горе не смее повторно да се случува.
Денес пак сме тука но денес Ви кажуваме дека Ние се страмиме од СЕВЕРНА.
Денес пак сме тука но денес Ви кажуваме дека Бугарскиот договор е на НАША ШТЕТА.
Денес пак сме тука но денес Ви кажуваме дека Гоце Делчев е Македонец.
Денес пак сме тука но денес Ви кажуваме дека НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ, ВИЕ СТЕ МАКЕДОНЦИ.
Денес пак сме тука но денес Ви кажуваме дека и едните и другите Ве лажат. Учете преку грешките…
Денес сме тука и Ви кажуваме дека со нас компромис на штета на Македонија, компромис на штета на Македонецот, нема да има. Македонија денес за среќа има луѓе кои се спротиставуваат на двете, се спротиставуваат на нивниот партнер, а СЕ МАКЕДОНЦИ.
Денес мораш да гласаш. Но денес мораш да гласаш против нив. Мораш денес да избереш некој друг. Денес мораш да сватиш дека тие се злото. Мораш да сватиш дека злото треба да го снема. Денес гласај поинаку и овие две зла со партнерот никогаш не биле за тебе никогаш не биле за Македонија.
Размисли и присети се кој што сторил и ќе сватиш зошто не им смета некој да ги вика северџани, некој да го даде Крсто плус колку треба, а сите со Таљат да не прават мутави.
Ние не сме мутави и затоа сега ќе добиете црвен картон. Тоа го знаете и знајтего но сепак заминете од Нашите животи и оставете не да направиме добро за Нашите деца, но и за Вашите деца бидејќи само така и Вие и Ние ќе бидеме МАКЕДОНЦИ, а ова парче земја ќе биде МАКЕДОНИЈА.
Ќе завршам со мисла од Соломон ”За секој кој се придружил на живите, има надеж”, Ние сме живи Македонија е жива.
д-р Николче Талевски, ИНТЕГРА МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА ИЕ5

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *