УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола со повеќе активности

Денес, како и во рамките на вчерашниот ден, продолжи претставувањето на Битолските кандидати за пратеници во ИЕ5.

На двата поставени штандови, во близина на Новиот Пазар и на Широк Сокак наспроти А1, почитувајќи ги сите протоколи за заштита од Ковид 19, беа поделени флаери со скратената програмска содржина за Битола.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола, повторно излезе на терен и уште еднаш ја потврди заложбата пред граѓаните, дека ние, како млади луѓе, ја подржуваме Обновата на Македонија и во целост се мобилизирање за остварување на таа цел.

По завршувањето на денешните активности, можеме да констатираме дека имавме еден успешен викенд. Во исчекување на официјалниот старт на кампањата, искрено се надеваме дека бројката на новозарезени од Ковид 19 ќе опаѓа, а и ќе се стопира ширењето на сите постоечки кластери

#МладиКоиПраватРазлика
#ВоМладитеЕСилата
#УМСБитола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *