Презентација на изборната програма на ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија во Битола

На конвенција во Битола претставен носителот во петката како и програмата на  Македонската конзервативната партија Интегра.

„Оваа наша кампања ја почнуваме од Битола, од врнежлив ден со еден бериќет и да им покажеме на сите кои што не веруваат дека   оваа опција заслужува да биде  таа опција која што ќе ја води Македонија  во наредните години и еднаш засекогаш да се стави крај на црно-белиот свет“, рече носителот на Интегра во петтата изборна единица. Интегра ве повикува бескомпромисно, храбро, обединето кон двете зла да се обележиме едно ние Македонците.Да се обележиме директно за двете зла како нивна директна закана, бидејќи нив ги обединува организираниот криминал кој воедно и ги поседува, затоа Македонци мои, вие не сакате уцени и закани, Вие сакате нова иднина, Вие сакате нова перспектива.  Покажете со вашата одважност, желба за да ги спасите децата, сите македонски деца.  Спасетеки Демократски со кругче на гласачкото ливче, а со тоа организираниот криминал нема да управува со државата. Ова е референдум, референдум кој нуди напред и нема друг пат. Оваа држава ќе има стопан. Народот ќе биде стопан, а не како досега криминалот, односно погрешен стопан.  Не по секоја цена да гласате за мене  или за Интегра туку да гласате да ја вратиме државата кај стопанот. Гласот за интегра е глас за Македонија е глас за тебе. Гласај за најдоброто за Македонија, гласај за Интегра Македонска конзервативна партија“, рече Николче Талевски, носител на Интегра во петтата изборна единица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *