СТОП НА ТИЕ КОИ 30 ГОДИНИ ЈА УНИШТУВААТ МАКЕДОНИЈА

Пресот на Интегра – македонска конзервативна парија за изборна единица 5 се одржа во Битола, како излагач се претстави Николче Талевски, носител на листа за ИЕ 5.

Прес-конференцијата ја пренесуваме интегрално во целост:

„Би започнал со катастрофата која денес ја има снајдено Македонија.
Денес кога на гласачите им се нуди „обнова“ и „можеме“.

Обновата доаѓа е слоган на дпне – почитувани што тие ќе обновуваат, крадењето, криминалот и прислушкувањето.
Потоа кажуваат исправи се македонијо – се прашувам како ќе ја исправат македонија луѓето кои ја уништија истата.

Сдс кажува можеме повеќе – почитувани се плашам да помислам дека
после северна, после двојазичност, после вовед во федерализација со нелегален законодавен пристап можат повеќе.

Да ставиме стоп на тие кои 30 години ја уништуваат македонија.
Да ставиме стоп на криминалот, крадењето, прислушкувањето на нелегална северна, на нелегална двојазичност и не легална федерализација.

Да ставиме стоп на егзодусот на македонецот во туѓина кој егзодус сдс, дпне зедно го промовираат.
Тие кои ги создадоја проблемите сега сакаат да ги решат

Е драги мои така не може – тие не заслужуваат да бидат парламентарни партии а не камоли да се борат за 61 пратеник.
Не дај боже повторно да обноват систем во кој ќе карадат, организираат криминал и прислушкуваат повеќе од ова што денес е реалност.

Не дај боже да продадат уште од Македонија, не дај боже нешто да ветат дека им е свето, не дај боже да помислат дека треба да не парчат до крај.

Не дај боже да можат повеќе од ова да сторат овие две зла заедно.
За жал двете друго и не знааат. Тие се едно исто.

Затоа од Битола ве повикувам да ја спасиме Македонија.

Ние со нашиот аманет кој аманет е вистинска новината за Македонија. Ние сме чисти, неизвалкани, професионалци, и едноставно ние сме македонци. Ние не нудиме обнова по терк на дпне кој терк ви е добро познат.

Ние знаеме дека сдс можи да направи нешто што и на сон не може да го помислите но во негатива.

Најдоброто за македонија е вие мои гласачи да се охрабрите и осмелите кога ќе ви се нудат слоганите кои ве осиромашија, усрамија, замолчија, слоганите кои ги истераа вашите деца и со еден збор слоганите кои ќе ве доуништат доколку продолжат понатаму.

Вистината е на страна на ИНТЕГРА – ако не е така тогаш не по секоја цена за ИНТЕГРА. За ИНТЕГРА по цена на вашето за ИНТЕГРА по цена на македонското за ИНТЕГРА по цена Македонија.

Само вака ќе спречиме пропаст на македонија ќе спречиме да обновуваат и можат, ќе спречиме тоа да го сторат со нашиот глас кој не го заслужуваат.

Бидете благословени и верувајте во Вас и во Бог кој е со вас и со референдумско чувство гласајте за поинаква Битола и поинаква Македонија.

Да бидете здрави живи и горди што сте македонци.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *