ДЕВЕТМИНА БИТОЛЧАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 НЕ СПАЃААТ ВО НИЕДЕН КЛАСТЕР И НЕ ДАВААТ ПОДАТОК ЗА ПОВРЗАНОСТ СО ДРУГИ СЛУЧАИ

Во Битола има четири активни кластери со КОВИД-19, кај кои болеста е пренесена во семејствата. Од 16 лица кај кои болеста е во тек, девет не спаѓаат во ниеден кластер и тие не даваат податок за поврзаност со потврден случај, соопштија од Министерството за здравство.

Битола од почетокот на заразата до сега нема голем пораст на заболени. Вкупната бројка до вчера беше 49, од кои активни 16. По број на случаи кај кои болеста е во тек Битола е на 14. место од градовите во земјава, пред неа се скоро сите поголеми градови, а и помали како Кочани, Свети Николе, Ресен, Гостивар, Дебар и други.

Ж.ЗДРАВКОВСКА (Сакам да кажам)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *