Се запали дуќан во центарот на Битола

Попладнево во 15 часот и 50 минути настанал пожар во дуќан кај Старата битолска чаршија, во близина на ОУ „Кирил и Методиј“. Од Пожарната во Битола не информираа дека по дојава од граѓани веднаш излегле на терен со три противпожарни возила и 12 пожарникари. Пожарот е локализиран, а изгоре целиот објект. На терен се и екипи од СВР Битола. Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Фото: ТВ Тера

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *