Есма ова не го заслужи: Куќата-музеј во која живееше зјае ограбена, напуштена и отворена

Музејот на легендарната Есма Реџепова, лоциран на Кале целосно е ограбен и во него нема ништо. Според досегашниот увид на МВР, кражбата се случила по нејзината смрт. Увидот во куќата на Реџепова бил направен  по барање на Фондација Есма Реџепова, во присуство на официјални лица од МВР и Министерство за култура, како и од Музејот на град Скопје.

Состојбата е апсолутно загрижувачка. Се чини дека никој не се сетил  куќата во која Есма живееше и  гробот во кој таа е погребана, да ги обезбеди и уреди, пренесува српскиот портал Курир.рс, во видеото за најавата на неговата „Викенд премиера“. Инаку Есма Реџепова според нејзиниот тестамен, целото наследство и го оставила на државата, а авторските права на едно од своите деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *