50-ти јубилеен фестивал “Илинденски денови” во Битола

Јубилејното издание  на фестивалот “Илинденски денови” ќе се одржи неколку дена пред традиционалниот датум и тоа од 22-ри до 29-ти јули.

По сите протоколи и со сите заштитни мерки, оваа година фестивалот ќе реализираат и 4 изложби во Центарот за култура во Битола, во Магазата и салата за изложби во Завод и Музеј Битола. Исто така ќе се одржат саем на книга инспириран од фолклорни мотиви во пишаниот збор, етно филмови на отворено, стручно научен собир на тема: “Академски такт за фолклорот и етнологијата”, како и семинар кој истотака ќе биде онлајн. Во програмата ќе има активности и за најмладите за кои е предвидена детска ликовна работилница – онлајн. Како и секоја година концертите привлекуваат големо внимание и интерес, оваа година ќе има 4 концертни вокално-инструментални вечери на отворено во Пациото на Завод и Музеј Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *