116 битолчани позитивни на COVID-19

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 27.07.2020 година земени се вкупно 1.926 брисеви за COVID-19 од нив .1108 по епидемиолошки индикации, 488 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг.Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 401 лице, од кои 116 се со место на живеење во Битола, 118 во Кичево, 24 во Демир Хисар и 143 во Ресен. Според исходот на заболувањето кај 197 лица болеста е во тек и тоа 58 од Битола, 80 од Кичево, 36 од Ресен и 23 од Демир Хисар, 192 лица се оздравени и кај 12 лица болеста имаше смртен исход.Во Битола бројот на активни случаи е 58 од нив 18 лица се хоспитализирани, а 40 се на домашно лекување. Денес се пријавени 2 нови случаи, меѓусебно поврзани, а и поврзани со претходно регистрирани позитивни случаи. Ново регистрираните се на возраст од 18 години.Во Ресен, Демир Хисар и Кичево денес нема регистрирано нов заболен, а е регистриран еден смртен случај кај лице од Кичево кое беше хоспитализирано.Во последниве 3 недели бројот на заболени лица во Битола, Демир Хисар и Кичево е во благ пораст. Поради тоа се апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот:– Носење на маска;– Одржување на физичка дистанца од најмалку 2 метри;– Одржување на лична хигиена;– Младите лица да ги почитуваат сите горенаведени мерки посебно во вечерните часови при излегувања во кафе барови и сл.– Да се одбегнуваат масовни собири, меѓу кои и приватните семејни собири како родендени, семејни слави, имендени, крштевки, погреби и сл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *