Од утре може да се патува за Бугарија со негативен тест за ковид-19

Македонските граѓани од утре може да патуваат во соседна Бугарија со негативен ПЦР, кој не е постарод три дена.

Освен за нашата земја, ова важи и за Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт.

Државјани на овие земји можат да влезат во Бугарија за туристички цели со негативен ПЦР-тест, направен во последните 72 часа, соопшти Министерство за здравство на Бугарија.

За граѓани на Украина условот да достават негативен тест за ПЦР важи од 30 јули.

ПЦР тест не е потребен за лица кои пристигнуваат во Бугарија од земји членки на ЕУ, Велика Британија, како и од Алжир, Австралија, Канада, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај. Тие не подлежат ниту на 14-дневен карантин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *