Доајенот на македонската музика Наум Бурназ претепан во Охрид

Доајенот на македонската опера, но и славен изведувач на македонски староградски и забавни мелодии, Наум Бурназ, бил претепан во угостителски објект во Охрид и исфрлен на улица.

За немилилата случка информира неговата ќерќа Мелита, која алармира дека нејзиниот 80-годишен татко, иако нападнат од сопствениците на објектот и со телесни повреди, бил донесен дома од полиција како тој да го предизвикал инцидентот.

Како што пишува ќерката, инцидентот се случил во скарата на кило „Мар Мар – Влашкамаала“ каде што Наум Бурназ отишол да нарача скара. Притоа, тој побарал да му испечат и пиперки на скара, а поради тоа што таму немале, тој самиот однел неколку пиперки. Сепак, иако редовен муштерија, неговата желба била одбиена, а наместо тоа следувале вербални навреди и физички напад кон него во обид да го отстранат од објектот.

Ние сме таму редовни муштерии, но затоа што одбиле да му испечат, а на други печеле, татко ми изреагирал малку понервозно ама со право! Тие повикале обезбедување и полиција. Притоаму ја турнале тешката маса на нога и го нападнале, а апостолките му ги искинале. Бидејќи тие повикале полиција, татко ми „агресивниот“ го донесоа дома бос во нозете со полиција – реагира неговата ќерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *