На Илинден во Трново – Семакедонската средба Трново 2020

На 2 Август во битолското село Трново, во организација на Матицата на иселениците, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, по 49 ти пат, ќе се одржи Семакедонската средба Трново 2020. Традиционално, средбата ќе се одржи во дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица, со почеток во 10.30ч. Организаторите апелираат сите присутни да се придружуваат на протоколите за заштита од корона вирусот, со држење растојание и задолжително носење маски.
На Семакедонската средба Трново 2020 поканети се преставници на локалната и централната власт, МПЦ, невладини организации, како и новоизбрани пратеници од повеќе политички партии. Ќе биде одржана и културно уметничка програма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *