Фејсбук статус на проф. д – р Димитар Апасиев

Во 1942, бугарски фашисти го напаѓаат планинското село Долно Јаболчиште – велешко (населено со етнички АЛБАНЦИ). Многубројни војници, контрачети и окупаторски колаборационисти, придружени од тајни агенти и полицајци, влегуваат во селото. Насила ги извлекуваат селаните од нивните куќи на сред село. Откако се најале, ги построиле и ги натерале да играат оро. Ги тепаат по нозете со суровици, прашувајќи ги каде се партизаните од Велешкиот партизански одред (во најголем број етнички МАКЕДОНЦИ) и кои се нивните локални симпатизери? Иако селаните тоа го знаеле, никој не проговорил!

Тогаш, фашистите почнуваат со мачење и убивање… Вкупниот биланс од дивеењето на овие ѕверови е 11 убиени селани и многумина осакатени, а целото село било физички малтретирано и понижувано. Но, никој од нашите сограѓани Албанци од Долно Јаболчиште не ги предаде партизаните! Никој не кажа каде се кријат, ниту кои се нивните јатаци.

p.s. Извршеното ѕверство не ги одврати тамошните селани од поддршката за НОВ. Повеќемина се вклучиле и во партизанските одреди, а барем четворица младинци од ова село загинале како партизани во борбите против балистичките и останатите непријателски сили. <3

#АСНОМживее
#КласнаВојнаАНеЕтничка
#ДодекаСеМразимеНиГиПразнатЏебовите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *