Во чест на празникот СВ.Огнена Марија

Едно е да напишете иронично-сатирична забелешка која афектира нечие негативно и неморално дејство,

Друго е да споделите виц кој опфаќа интересна низа на настани и притоа таргетира и некоја целна група,

Но, сосема трето е јавно да нападнеш жена, не заради некои нејзини негативни, неморални и несекојдневни активности, туку, ете така, единствено зашто таа е ЖЕНА и ВАМ, како на МАЖ, тоа едноставно ви се може, а, за ЖАЛ, денес, тоа е сеуште многу лесно, имајќи во предвид дека најголем дел од денот, живееме во машки свет!

Е, па, драги мои, Денес е ОГНЕНА Марија, И токму затоа и како што обично доликува на една женска ПРКОС – наше е да се спротивставиме и да им ставиме крај на ваквите абнормални умови и тоа со силна поддршка и од СТРАНА на оние од (како обично го нарекуваат) ПОСИЛНИОТ ПОЛ, но во исто време, ред е и институционално и законски ОПШТЕСТВОТО да поведе сметка за овие ситнопулести креатури!

И, за крај, не дека некому се битни тие креатури и дека некој сериозно ги сфаќа, но моментот дека окупираат нечиј подостоен простор на слобода на изразување и пробуваат да ставаат не вкусна дамка на некого, особено ако тоа е жена, едноставно ме мотивира да споделам една женска визуелизација на светот во кој живееме.

А, во контекст на сето ова Шекспир напишал : „Ружата под кое било друго име ќе мириса исто.“

Виолета Ковачевиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *