Одбележување на 117 годишнината од смртта на Јордан Пиперката

По повод 117 годишнината од смртта на големиот војвода и јунак Јордан Пиперката, УМС на ВМРО ДПМНЕ Битола, заедно со УМС на ВМРО-ДПМНЕ Демир Хисар и МПЗ Тодор Александров положи свежо цвеќе пред споменикот во с. Велмевци.

Пред споменикот од каде што Јордан Пиперката сеуште ја надгледува коријата, беше одржан и краток комеморативен час по Историја од историчарот Ѓорѓи Костовски.

Херојот Јордан Пиперката вечно ќе живее во спомените на Македонскиот народ. Вечно нека се памети неговиот лик и дело. Да живее Република Македонија !!!

#МладиКоиПраватРазлика
#ВоМладитеЕСилата
#УМСБитола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *