Фестивалот „Битола Отворен Град“ ќе се одржи во септември

Фестивалот „Битола отворен град“ кој беше одложен поради пандемијата со Ковид 19, ќе се случи и оваа година. Имено од 3 до 5 септември, како што велат од МКЦ – Битола, подгответе се за квалитетна музичка програма на кирилица, но и други мали слатки уметнички задоволства за душа и глава.

Фестивалот годинава ќе биде со поинаков формат, најавуваат од МКЦ. Годинава пред нас се исправи предизвикот да го организираме фестивалот во состојба на пандемија и тоа на сосема нов, оригинален, непретпоставуван дискурс, согласно пропишаните протоколи и мерки.

Пандемијата е трансформативен момент за светот. Корона-кризата испишува нови страници во домашната и светската уметност а ние имаме одговорност да ја поддржиме домашната уметничка сцена, да обезбедиме можност и услови за нејзино промовирање, конзумирање и уживање.

Уметноста успева да го најде својот пат до публиката и во време на пандемија, а ние сме должни тој пат да го направиме безбеден и за уметниците и за публиката која е жедна за квалитетна уметничка програма“ истакнуваат од МКЦ – Битола.

Годинава од 3 до 5 септември се одбележува 19. издание на Интернационалниот младински арт фестивал „Битола отворен град“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *