Димитриеска-Кочоска: Се случува ли нов октопод и ТАТ со пропаѓањето на Еуростандард Банка!

Со затворањето на Еуростандард банка засегнати се огромен број пензионери кои добиваат пензија преку користењето на услугите на банката, луѓе кои добиваат плата и бизниси кои ги користеле услугите на банката, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со пропаѓањето на банката доведени се во прашање исплатите кон 55 илјади граѓани, од кој над 35 илјади пензионери и речиси 20 илјади приматели на социјална помош. Со ова на терет на државата во услови на криза се додаваат депозити во износ од 4.4 милијарди денари или околу 70 милиони евра“, изјави Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат што ќе се случи со депозитите, што ќе се случува со лицата кои имаат хипотекарен станбен кредит, кои редовно си го исплаќале, дали ќе се активираат хипотеките и ќе се продаваат преку извршители?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *