Кирацо се јави – вистина се јави

Фејсбук статус на екс пратеникот Кирацовски од Битола

Не судете го пратеникот од Левица. Начинот на кој тој пишува и зборува, кажува за него.

Но, тоа што тој е присутен во Собранието, зборува за нас…

Апасиев е молотовиот коктел што скоро 40 илјади сограѓани го фрлија врз македонскиот Парламент, за да не опаметат!

Повеќето од нив се млади луѓе, поборници за праведна држава, а ние со нашето (не)постапување по многу битни општествени прашања, им ги обезбедивме “шишето, бензинот и крпчето!

Нивна беше само искрата која го разгори поривот за фер општество!

Првиот момент кога ќе обезбедиме правда, во што сум убеден, кога криминалците (особено од претходната власт) ќе одговараат, а корупцијата ќе биде сведена на нула, ќе исчезни и потребата од овој тип политичари!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *