ППФМ со поддршка од АМС им помага на клубовите со младински школи

Во услови на пандемијата предизвикана од корона вирусот и кога кризата се чувствува во сите пори на општествениот живот, ППФМ со помош на АМС на клубовите кои имаа најдобри резултати од играчите во младинските категории им помогна со набавка на опрема. Клубовите како Крива Палнка, Топспин Плус, Мултитекс, Телеком Нец и други чии што играчи во младинските категории беа највисоко рангирани од АМС и ППФМ добија помош во донација на пинг понгарски маси. Станува збор за професионални маси според ИТТФ стандарди на кои се играат официјални натпревари.
Со овој пример ППФМ покажува дека приоритет е развојот на младинските школи и поголем дел од своите планови кои поради корона кризата се во голем број пролонгирани, сепак сите планирани активности кои беа поставени како цели за реализација во иднина ќе бидат реализирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *