Почина Петар Станоевски, новинар во „Вечер“, музичар и рок гитарист

На 19 јануари, 2021 година, вторник, почина колегата долгогодишен новинар во редакцијата на дневниот весник „Вечер“ и музичар, рок и блуз гитарист, Петар Становски. Станоевски беше и еден од организторите на манифестацијата вечерово лицена годината, односно „ТВ лице на годината“ која со години се одржуваше избирајќи ги најпопуларните лица од шоубизнисот, естрадата, културата, спортот, уметноста, филмот, театарот, телевизијата…

Петар или Перо – „Пешак“ како што го знаеја во скопските музички кругови, беше и одличен музичар, извонреден гитарист кому рок ен ролот и блузот му беа и во крвта и во прстите. Од неколкуте групи кои самиот ги оформи или во нив членуваше, најмногу ќе остане запаметен по дуото „Ловци на бисери“ во кое покрај него беше уште и клавијатуристот и музички продуцент, Бранко Попчевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *