Спиро Мавровски – Неизвесно производство во РЕК Битола

Најголемиот производител на електрична енергија во државата РЕК “Битола“ веќе една недела работи само со еден термо- блок, откако во средината на овој месец, после силните дождови се поплави јагленокопот во рудникот “Суводол“ и механизацијата за ископ на јаглен со преносните системи се најдоа под вода. Бидејќи резерви на јаглен на депонијата немаше, во текот на грејната сезона, во работа е оставен само третиот термо блок. На ова реагираше некогашниот директор за производство Спиро Мавровски.

-Работи само еден блок, на депонија има минимална резерва која што може преку ноќ да ја снема, зашто за работа јаглен има само за неколку дена што е трагично. Но, имаме и ситуација во која што с`е уште генералниот директор Васко Ковачевски го нема да ја објасни и на вработените, оти се шират многу шпекулации, како сето ова ќе заврши- рече поранешниот директор за производство Спиро Мавровски.

Мавровски смета дека одговорноста лежи во раководниот тим, кој го  запостави системот за одводнување, па само еден дожд во јули, го поплави ридникот.

-Преку летото, она што требаше да биде- ободни канали, собирници или што може да направи некоја нзгода, таква работа не е направена зашто сега има изненадување од еден дожд преку денот, па господинот ковачевски да бара елементарна непогода- рече Мавровски.

Од РЕК “Битола“ денеска ни рекоа дека остануваат на позициите од Соопштението од 15 јануари, кога ја известија јавноста дека се исклучува вториот термо- блок. Состојбите, таму се оценити како елементарна непогода, а човечките ресурси се целосно ставени во функција за оспособување на моќната механизација за ископ на јаглен и на транспортните системи.  Компанијата редовно  испорачува електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум и барем засега не се планира набавка на струја, се вели во соопштението. Меѓутоа, за скоро состојбите ќе бидат многу појасни.

– Сеедно како ќе завршат овие дрматични состојби во РЕК “Битола“, едно е сосема сигурно дека увозот на електрична енергија е пред вратите на државата. А тоа, ако не веднаш, барем по половиба година ќе значи и зголемување на цената на струјата.

Петар Стефановски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *