На 58 годишна возраст во Битола почина Вања Георгиевски, битолски, градски урбан лик, човек кој битолчани ќе го паметат како позитивен лик, кој неизмерно го сакаше Пелистер, во сите спортови и човек кој беше линкот на Битола со сите филмски екипи кои снимаа во Битола.
-Вања, навиваше многу пред нас, знаеја да кажат основачите на “Чкембарите“.
Го почитуваа сите генерации на навивачи. Вања беше присутен и ги бодреше ракометарите на Пелистер и македонската репрезентација на скоро сите гостувања. “Чкембарите“ уште долго ќе ги раскажауваат неговите случки и анегдоти од гостувањата во Полска, Германија, Данска, Шпанија…
Последните десетина година Вања беше дел од сите фимски екипи кои работеа во Битола и околината. Вања беше менаџер за локации, но на гостите, филсмки работници им помагаше во организацијата, одбирање на статистите, кетерингот, набавка на опрема и материјали. Негов последен филмски ангажман беше снимањето на Францускиот филм во клиничката болница.
Извор: bitolanews