ЈАВЕН ПОВИК ЗА КАНДИДИРАЊЕ ВО КОМИСИИ ПРИ ОК ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА

Од пресот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола:

Мои битолчани!
Животот кој ни се понуди и вети, ни се удри од глава.
Нештата ја губат смислата и да не се повторуваме, знаеме:
губиме идентитет, државност, јазик, историја, а сега и “МИЛА” реформи во образование.Се тоа се пресликува и на локално ниво, Битола молчи.
Графитот „Градот не е нем“ веќе го нема,
Улиците со дупки и шахти низ кои прелеваат фекалии, потсетуваат кој “живот” го живееме.
Ни кафе, не се пие како некогаш, еснафот го нема… и ова не е резултат на коронавирусот, туку на политиките на власта.
Битолчани се разочарани, дури и незаинтересирани.
Почитувани мои, време е за будење!
Доста е!
Битола секогаш стоела исправено и повторно ќе се исправи!
Ајде заедно да ги вратиме сите црнила и злоба во пандорината кутија.
Ќе ги оставиме надежта и копнежот, тие ќе не мотивираат.
Овој повик не е за осудување, ниту пак демантирање, овој прес е за нашата Битола!
Ве повикувам сите Вас, кои сметате дека на било кој начин можете со свој придонес да помогнете.
Ве покануваме сите битолчани да дојдете во ВМРО ДПМНЕ, заедно со нас споделете ги вашите идеи, предлози па и критики.
Пријавете се на повикот за членови стручните комисии, кој ќе биде отворен од денес, станете дел од тимовите кои ќе работат на идни планови и проекти со цел превенирање и отстранување на проблемите на градот а верувам дека од Битола ќе тргне ударот врз „животот“ за да се спаси и Државата.
Првиот чекор е најважен.
Нека дојде од вас, нашите врати се отворени за добронамерници и луѓе кои си го сакаат градот, да се биде член на партијата не е услов за член во стручните тела на партијата.
Битола е на сите.
За нашата Битола

Конкурсот ќе трае до 01.02.2021 година, пријавувањето е електронски со пополнување на апликација на следниот линк: https://forms.gle/hqkZhm8keDvma5ZC8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *